Во сообраќајка близу Куманово загина малолетен моторциклист

16-годишен моторциклист загина вчера во сообраќајна несреќа кај кумановското село Доброшане.

-Вчера во 22,05 часот било пријавено дека на регионален пат Куманово-Свети Николе, кај с.Доброшане,кумановско се случила сообраќајна незгода во која учествувале моторцикл „јамаха“, управуван од 16- годишен малолетник од с.Доброшане, патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од М.М.(24) од Куманово, кој првично го напуштил местото на настанот, а потоа сам се пријавил во СВР Куманово и паркирано патничко моторно возило„југо“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Т.Т. од Кумнаово. Во незгодата возачот на моторциклот починал на лице место, а од екипа на итна медицинска помош била констатирана смрт, велат од полицијата.

 Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.08.2020 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега