Во Словачка кавги во владеачката коалиција околу руската вакцина

Кавги во владеачката коалиција во Словачка откако премиерот Игор Матовиќ ги заобиколи коалиционите партнери и испрати авион по руската вакцина против Ковид-19, пренесуваат медиумите во оваа земја.

Според нив, владеачката коалиција честопати се судира во пристапот за сузбивање со пандемијата од Ковид-19, а Матовиќ како што пишуваат, ја донел одлуката и покрај барањата од коалиционите партнери да не ја користат руската вакцина се додека не биде одобрена од Европската агенција за лекови.

Словачка е втора земја членка на Европската Унија, по Унгарија, што ја купува руската вакцина „Спутник В“.

Политичкиот партнер во коалицијата, партијата „За народот“, вчера се закани дека ќе ја напушти владата поради ова прашање, додека пак партијата, „Слобода и солидарност “, повика на преструктуирање на кабинетот формиран по изборите пред една година, пренесуваат агенциите во Словачка.

„За време на викендот, воен авион беше испратен во Москва да донесе 200.000 дози од вакцината „Спутник В“, прва пратка од вкупно два милиони, рече Матовиќ.

Тој својата одлука за купување на руската вакцина ја бранеше и преку социјалните мрежи.

„Нашите партнери го користеа „Спутник В“ како најтешкото оружје за да ја растурат сопствената влада“, рече тој.

Министерот за надворешни работи Иван Корчок, изјави дека набавката на руската вакцина ја доведува во прашање позицијата на земјата на меѓународната сцена.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега