Во Скопје најголем број на активни случаи со коронавирусот- во последните 24 часа речиси идентичен број и на оздравени и на новозразени
Во денешниот извештај од Министерството за здавство беше соопштено дека од направени 3.927 тестирања, позитивни биле 1.163 лица, а починати се 35 лица од кои најмладиот имал 39 години.
Од новозаразените најголем број се од Скопје- 473, Битола – 100, Куманово – 90, Прилеп – 62, Охрид – 50, Струмица – 45, Тетово – 36, Штип и Кичево по - 32, Велес – 29, Кавадарци – 28, Гостивар и Кочани – по 27, Гевгелија – 22, Струга и Свети Николе – по 14, Неготино и Радовиш - по 12, Ресен и Валандово – по 11, Виница - 10, Крива Паланка и Берово - по 7, Демир Капија и Демир Хисар – по 3, Делчево – 2, Крушево, Богданци, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани се 854 оздравени пациенти од кои Скопје – 475 се од Скопје, Прилеп – 52, Велес – 40, Куманово – 37, Кавадарци – 36, Тетово – 27, Кочани – 25, Гостивар – 23, Неготино- 22,Берово – 18, Штип – 16, Крива Паланка – 13, Гевгелија – 12, Струмица и Свети Николе – по 9, Радовиш и Валандово – по 8, Виница – 7, Пробиштип – 3, Делчево, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица – по 2, Битола, Демир Капија, Крушево, Богданци, Кратово и Дојран по – 1.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа