Во Скопје ќе се изберат најдобрите угостителски објекти

Град Скопје по дванаесетти пат го поддржува проектот „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите“.

– За реализација на овој проект избрани се 160 угостителски објекти на територијата на Град Скопје, кои со околу 500 посети (во периодот од 1 до 30 септември 2019 година) од независни и објективни тајни купувачи ќе бидат оценети според неколку критериуми: прв контакт со гостите, хигиена на објектите, изглед и хигиена на тоалетите, амбиент на објектите, услуга на келнерите, квалитет на храната и завршен контакт со гостите, соопшти Град Скопје.

Проектот опфаќа таинствено користење на услугите (mystery shopping) во угостителските објекти на подрачјето на главниот град. Посетите на објектите од независни и тајни купувачи се со цел да се измери квалитетот на услугата што ја даваат угостителските објекти во градот.

Врз основа на резултатите од истражувањето, ќе се изберат три најдобри ресторани, три најдобри гостилници, три најдобри lounge & мезе барови, како и три најдобри кафе барови кои постигнале највисок вкупен резултат на испитаните елементи на услугата.

На најдобрите ќе им биде доделено јавно признание во форма на плакета. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2019 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега