Во Скопје има вкупно 3.490 активни случаи на коронавирус - Аеродром, Карпош и Центар со се повисока бројка

Министерството за здравство вчера информираше дека после долго време регистрирани се повеќе оздравени, отколку заразени пациенти. Вчера во Македонија беа регистрирани 247 новозаразени, 321 оздравени и 15 починати пациенти.

Скопје, Тетово и Струмица се првите три градови во земјава во кои има најмногу заболени. Во Скопје има 3.490, во Тетово 406 и во Струмица 424 активни случаи.

Скопската општина Аеродром е на врвот по бројот на позитивни лица на вирусот Ковид-19, со 675 активни случаи. После неа следуваат општина Карпош со 528 и општина Центар со 508 активни случаи.

Еве колку заболени има во секоја скопска општина одделно: 

 Чаир – 171

• Гази Баба – 437

• Аеродром - 675

• Карпош – 528

• Центар – 508

• Кисела Вода – 413

• Ѓорче Петров – 287

• Бутел - 157

• Шуто Оризари – 28

• Студеничани – 9

• Сарај – 23

• Арачиново – 10

• Илинден – 60

• Сопиште – 31

• Чучер Сандево – 15

• Петровец –21

• Зелениково - 9

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2020 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега