Во Скопје има околу 140 дивоградби

Во Град Скопје има околу 140 објекти кои се дивоградби, рече градоначалникот Петре Шилегов одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.

На местото каде се руши објектот пред „Мавровка“, пак, вели тој, веројатно ќе може да се обнови истиот објект односно кафулето кое се наоѓаше во сутеренот.

-Градот за жал, нема ингеренции над дивоградбите. Аналитиката кажува дека има околу 140 објекти на територијата на Град Скопје. Повикувам сите институции да си ја вршат работата. Во ’Мавровка‘ во сутеренот беше легализиран тој објект, веројатно во постапка на обнова може да се врати тој дел кој беше легализиран, изјави Шилегов.

Објектот пред „Мавровка“ кој никна на местото на терасата од кафулето „Фонтана“, по три дена рушење е срамнет со земја. Рушењето започна во средата откако владата препорача Општина Чаир и ЈП Македонија пат да потпишаат договор за уривање. Денеска, сликата од терен покажува дека има само градежен шут и остатоци од бетонска арматура.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.09.2020 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега