Во Скопје и Велес приведени седум лица- по претрес, полицијата веднаш ги уапсила

Во текот на изминатото деноноќие полицијата во Скопје и Велес по извршен претрес уапсиле седум лица поради поседување на дрога, но и поради поседување на украдени предмети.

„На 13.08.2020 во 19.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на кеј „Димитар Влахов“ го лишиле од слобода И.У.(40) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.08.2020 во 22.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на кеј „Димитар Влахов“ го лишиле од слобода С.И.(29) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.08.2020 во 22.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Карпошово востание“ го лишиле од слобода Д.Ј.(29) од Охрид, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени марихуана и метална дробилка. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 13.08.2020 околу 18.30 часот на ул.„Петре Прличков“ во Велес полициски службеници ги лишиле од слобода С.С.(48), В.М.(48) и И.П.(37) од Кавадарци и Ѓ.М.(31) од Велес, затоа што при контрола на автомобил „мерцедес“, со кавадаречки регистарски ознаки, пронашле предмети кои потекнуваат од кривични дела „кражби“. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“ соопштуваат од полиција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2020 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега