Во Скопје и вечерва не се дише

Во главниот град и вечерва не се дише поради енормното аерозагадување.

Мерната станица во Ново Лисиче повторно покажува највисоки вредности, дури 435 ПМ 10 честички на метар кубен.

Речиси сите останати скопски населби се во виолетовата зона на загадување. Па така, во Кисела Вода измерени се 307, Автокоманда - 196, Црниче - 206, Гази Баба- 160, Ѓорче Петров – 217, Карпош – 202 Маџир Маало – 249 ПМ 10 честички на метар кубен.

Сликата не е подобра ниту во останатите македонски градови. Во Гостивар измерени се 312, Кавадарци – 235, Кичево 289, Кочани – 175, Куманово – 262, Охрид – 228, Штип – 304, Струмица  - 325, Тетово – 286, Велес – 273 ПМ 10 честички на метар кубен.

Целосната слика погледнете ја тука.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 22:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега