Во Скопје 23 сообраќајќи- едно лице тешко повредено

Возач се здобил со тешки телесни повреди, а 19 лица се полесно повредени во две од вкупно 23 сообраќајки во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во девет сообраќајки била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала 73 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, седум возачи поминале на крстосница на црвено светло, осум возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престигнување, 19 возачи за не носење сигурносен појас и 28 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Од сообраќај биле исклучени 25 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 39 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и девет возачи почетници, како и три технички неисправни возила и 37 нерегистрирани возила.

Затекнати биле 253 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 157 возила.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.03.2019 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега