Во Скопје 13 сообраќајќи- две лица тешко повредени

Во текот на изминатото деноноќие во Скопје се санкционирани 27 возачи за брзо возење, пет биле под дејство на алкохол, 13 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца почетници, покажуваат податоците од билтенот на СВР Скопје.

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле вкупно 13 сообраќајни незгоди, од кои во две со тешки телесни повреди се здобиле двајца возачи и еден сопатник, во седум сообраќајки  со лесни телесни повреди се здобиле девет лица, а во четири е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција издала 116 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 89 возила.

Од сообраќај се исклучени шест нерегистрирани возила и две технички неисправни. На црвено светло поминале двајца возачи, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 10 возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, еден возач не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи не користеле сигурносен појас и 23 користеле мобилен телефон.

Во текот на денот Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукатини работилници во ПОУ „Александар Македонски“ на подрачјето на општина Аеродром, со ученици од второ одделение, во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега