Во штипско пронајдени девет мигранти од Пакистан

На локалниот пат село Таринци – село Балван, штипско, вчера полициски службеници од СВР Штип забележале и запреле девет странски државјани-мигранти, сите од Пакистан.

– Утврден им бил идентитетот и се работи за А.Ш.А.(22), Ф.А.Г.(24), З.К.(25), А.Н.(22), Н.Ф. (24), И.Н.(23), Б.А.(26), А.Н.(28) и А.В.(24), сите од Пакистан. Тие биле задржани и предадени на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.09.2020 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега