Во Сараево почна судењето на таткото кој си го уби синот: „Испратете ме во затвор, не ме интересира казната, виновен сум“

Шеесет и тригодишниот Мујаг Ивазовиќ, прензиониран полицаец, е обвинет за убиството на синот Семир, на 29 април оваа година. За време на денешното рочиште постојано плачел во Кантоналниот суд.

„Ве молам што побрзо завршете го ова и ставете ме во затвор, не ме интересира казната, виновен сум, важна е правдата“, рекол Мујаг, кој во судницата дошол со помош на штаки.

Кантоналната обвинителка Аида Туриќ го прочитала обвинението, во кое е наведено дека Мујаг на критичниот ден, после кавгата со синот Семир, се заклучил во соба. После тоа Семир ја искршил вратата, а Мујаг го земал пиштолот под јастукот и пукал во синот. Испукал уште два куршуми додека Семир се повлекувал кон кујната. Повредите биле смртоносни, вклучувајќи прострелна рана во градниот кош.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.10.2019 - 17:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега