Во сабота „Трчам да се сеќавам“, сообраќајот со посебен режим

Во организација на Амбасадата на САД утре од 09.00 до 13.00 часот ќе се одржи трката со пречки  „Трчам да се сеќавам“. Трасата на движење ќе биде од пред Амбасадата до Градскиот стадион и назад.

Поради тоа, како што соопшти МВР, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на дел од улицата „Лазар Личеноски“, од крстосницата со улицата „362“ до крстосницата со улицата „Самоилова“. Притоа, сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2019 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега