Во сабота состанок на работното тело за помирување
Работната група за помирување, формирана со цел поефикасна работа на парламентарното Координативно тело за помирување и интеграција, ќе се состане во сабота дознава ТВ21.
Минатата недела беше најавено дека до петок ќе има законско решение, што веројатно значи дека предлогот за амнестија е веќе подготвен.
Работната група за помирување имаше задача да го подготви законското решение за помилувањата и националното помирување, додека останатите две групи формирани во рамките на Координативното тело за помирување, се за интеграција и реформи.
06.12.2018 - 18:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа