Американски туристички пар доживеал непријатно изненадување за време на нивната посета на Рим кога им биле наплатени 44 евра за две топки сладолед во слаткарницата „Дон Нињо“ на Виа ди Тор Милина. Инцидентот се случил на 3 јуни, на само неколку чекори од познатата Пјаца Навона во Рим, а приказната брзо стана вирална на социјалните мрежи.
Прва што проговори беше Никол Ан од Флорида, која во Фејсбук група за совети за патување во Рим опиша како таа и нејзиниот сопруг нарачале две топки сладолед, секоја со три вкуса.
Додека персоналот ја подготвувал нарачката, тие додавале макарони, каноли со фстаци и шлаг, без јасно предупредување дека секое дополнување ќе се наплаќа одделно.
Никол првично мислела дека цената што ја слушнала е 14 евра, но дури кога ја погледнала сметката сфатила дека вкупно е 44 евра. Според сметката што ја објавила, две „макси“ порции сладолед чинеле по 12 евра, додека другите артикли дополнително ја зголемувале сумата, пишува „Слободна Далмација“.


