Во регионот вклучен црвен метеоаларм - УХМР информира какво ќе е времето во Македонија

Според информациите на српските метеоролизи, Србија утре ќе биде под портокалов и црвен метеоаларма.

Во Србија денеска вредноста на УВ индексто се движи од умерена-жолт аларм, до многу висока-црвен аларма, покажуваат податоците на Републичкиот хидрометеоролошки завод.

Во Македонија денеска преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Минималната температура изнесува12 степени, а дневната максимална ќе достигне 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има услови за краткотраен локален дожд. Дневните температури ќе опаднат за три до четири степени. Потоа во наредните денови времето повторно ќе биде стабилно и многу топло.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2019 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега