Во Прилеп и Пласница по еден, во Долнени уште двајца новозаразени со коронавирус

 Едно лице е заболено од коронавирус во Прилеп, двајца во општина Долнени и еден во Пласница, информираа денеска од прилепскиот Центар за јавно здравје.

Денеска се регистрирани и шест оздравени лица, па моментално во Прилеп се активни 24 случаи. Од нив 16 пациенти се на домашно, а осум на болничко лекување.

На инфективното одделение во Прилепската болница се хоспитализирани четири лица позитивни на коронавирусот. На три лица сомнителни на Ковид-19 земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 54 лица. Дваесет и пет прилепчани се казнети поради неносење заштитни маски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2020 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега