Во повеќе општини прекини на гласањето, во некои и со часови

Прекин на гласањето имало во повеќе општини, информираа од ДИК. Прекин имало во општина Боговиње, но помалку од еден час, во местото 2063. Понатаму, прекин имало и во општина Бутел, избирачко место 2914, повеќе од еден час. Општина Гевгелија, избирачко место 0348, еден час и 40 минути.

Прекини на гласањето биле регистрирани во Гевгелија, во Дебарца - прекин од два часа, исто како и во избирачко место во Демир Хисар, два часа.

Избирачки места во Липково и Македонски Брод регистираат прекин на гласањето. И Ново Село бележи рекордни два часа и 55 мин прекин. Ова за Ново Село се должи на тоа што, не успеала навремено да заврши техничката исправка на УВ ламбите, истакна претседателот на ДИК.

Во Пехчево имало прекин во две избирачки места од по 15 минути, во Радовиш во избирачкото место 1584 имало прекин од еден час и 36 минути, во Росоман на избирачкото место 0716 имало прекин еден час и 50 минути, во Сопиште на избирачкото место 2415 имало прекин од два часа, во Старо Нагоричане во избирачкото место 1162 имало прекин од помалку од еден час и таму се гласа со Ув ламба и спреј, во Лабуништа на избирачкото место 1907 имало прекин од два часа, во Струмица на избирачкото место 1739 имало прекин од час и 30 минути, во Студеничани на избирачкото место 2354 каде гласањето продолжило со Ув ламба и спреј, во Центар во избирачкото место 2867 имало прекин од еден час и 30 минути, во Чаир во избирачкото место 2942 гласањето продоило со Ув ламба и спреј, во Чешиново Облешево на едно избирачко место имало прекин од 30 минути, и на две избирачки места 1468 и 2478 во селата во околината на Чучер Сандево се гласа со УВ ламба и спреј.

На овие места каде што имало прекин Даштевски посочи дека гласањето ќе продолжи за онолку време колку што било прекинато.

17.10.2021 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега