Во последен миг се спасил од несреќата: Полицаец не влегол во автобусот, бидејќи немало место за седење

Припадник на МВР во последен момент ѝ побегнал на смртта, кога се симнал од автобусот на „Дурмо-турс“ пред тој да се преврти на автопатот Скопје-Тетово . Полицаецот вчера попладне, по завршувањеето на работната смена, се качил во автубосот што возел накај Гостивар , но се симнал набрзо зашто имало многу патници, пренесува Независен.

-Во автобусот имало многу луѓе, па колегата се симнал на патарината на излезот од Скопје. Влегол во автомобил на пријател и со него го продолжил патот кон Гостивар, велат полицајци што беа на увидот кај Ласкарци, на местото каде што се случи несреќата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2019 - 18:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега