Во понеделник нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика утре напладне треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Промена на цените на горивата се врши секоја недела, а минатата недела малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалија за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 31.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 61,50 ден/литaр.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), исто така се намали за 1,50 ден/литар и изнесува 50,50 ден/лит.

За 1,00 денар за литар се намали малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 0,575 ден/кг и изнесува 25,956 ден/кг.

Останува да видиме дали нѐ очекува уште едно намалување на цените.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.09.2020 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега