Православните верници на 19 декември го слават Свети Никола, празник кој претставува најчеста семејна слава меѓу македонските семејства.

Според традицијата, на овој ден постои јасно верување за тоа што е забрането да се работи: не се работат никакви домашни работи, не треба да се чисти, усисува, пере.

Свети Никола е познат како заштитник на сиромашните, болните и морнарите. Низ целиот свој живот, тој ги подучувал луѓето, лекувал и им помагал на сиромасите.

Многумина не знаат дека токму Свети Никола станал заштитник на морнарите поради тоа што „својот имот го користел за откуп на заробениците“.

Обичаи поврзани со долгови и дарување

Едно од главните верувања поврзани со празникот е дека на тој ден никој не треба да се потсетува на долг, ниту дополнително да му се отежнува положбата на должникот.

На овој ден е обичај да се носат подароци за оние кои го слават Свети Никола. Од друга страна, во некои места во земјава, и домаќините кои го слават празникот, според обичаите, не треба своите гости да ги пуштат со празни раце, туку мора да им дадат дарови пред да си одат дома.

Exit mobile version