Во Панама запленети пет тони кокаин- дрогата ја превезувале со подморница

Полицијата во Панама заплени пет тони кокаин шверцуван во полуподморница и уапси четворица Колумбијци, соопштија денеска властите во Панама.

Службата за поморско воздухопловство не прецизираше кон која дестинација шверцерите ја пренесувале дрогата.

Панама минатата година забележа рекордна заплена од вкупно 91 тон дрога од кои – 77,9 тони кокаин и 12,9 тони марихуана.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2020 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега