Во Отешево се запали автомобил со кој управувал 17-годишник

Синоќа во туристичката населба Отешево настанал пожар при движење на патничко возило.

Автомобилот „цитроен ксара“, со битолски регистарски ознаки, е во сопственост на В.К. од селото Покрвеник, Ресенско, а во моментот го управувал  неговиот 17-годишен син.

Од МВР велат дека повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Ресен.

МАКФАКС

12.06.2021 - 17:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега