Во обид да спаси автомобил од надојдената вода, велешанец паднал во Вардар и исчезнал- полицијата се уште трага по него

 

Велешанец вчера паднал во Вардар и се вози за исчезнат, откако вчера со трактор се обидел да извлече возило во кое се наоѓала екипа на ЕВН од надојдената вода.

„На 06.08.2020 во 14.47 часот во СВР Велес било пријавено дека во с.Белештевица, велешко, на место викано „Лавчани“, при обид на С.Н. со трактор да извлече возило во кое се наоѓала екипа на ЕВН, која отстранувала претходно настанат дефект, од надојдена вода С.Н. и возилото на ЕВН биле однесени кон р.Вардар.

При пребарување на околината од страна на полициски службеници од СВР Велес и локалното население,  возилото било пронајдено, додека по С.Н. сѐ уште се трага и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2020 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега