Во Новата година доживеа семејна трагедија - сега пејачот му упати јасна порака на Дарко Лазиќ

Познатиот српски пејач Дарко Лазиќ во октомври минатата година преживеа тешка сообраќајна несреќа, а неколку месеци подоцна успешно се опоравува од истата.

Поддршката пејачот ја добива секојдневно од своето семејство, пријатели и фанови, а овој пат искрено брзо оздравување му посака и неговиот колега МС Стојан.

-Човекот кој не прави грешки обично не прави ништо. Ти си направил многу од тоа и треба да бидеш горд на себе! Имаш едно дете, другото е на пат, имаш многу хитови зад себе кои уште долго ќе се пејат, имаш прилика да направиш уште подобри песни и да го работиш она што најмногу го сакаш, да пееш. Искористи ја шансата која Бог ти ја има дадено на вистински начин. Те сака твојот другар, напиша пејачот МС Стојан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.01.2019 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега