Во Нигерија ќе биде формирана специјална работна група во врска со тајна програма за абортус на жени силувани од исламистите

Во Нигерија ќе биде формирана специјална работна група која ќе ги истражи наводите дека армијата имала тајна програма за абортус на жени силувани од исламистите.

Информацијата ја објави Националната комисија за човекови права. Таа сама се пријавила по истрага на новинската агенција Ројтерс.

Нигериската армија соопшти дека нема да се занимава со случајот бидејќи информациите на агенцијата не се точни. Комисијата, која беше назначена од владата, рече дека работната група ќе биде формирана следната недела за да ги испита наводите за кршење на човековите права за време на операцијата против бунтовниците во североисточниот дел на земјата.

Ројтерс во декември објави дека тајната програма ја прекинала бременоста на најмалку 10.000 жени и девојчиња, од кои многу биле силувани од исламистите. Информациите се засноваат на извештаите на очевидци и документи.

Комисијата нема овластување да ги гони луѓето за кршење на човековите права, но може да препорача покренување обвиненија.

01.02.2023 - 17:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа