Во мобилните и компјутерите на Боки и Катица пронајдени клучни докази за „Рекет“

Во текот на утрешниот ден ќе биде поднесено обвинение за првиот дел од истрагата за случајот Рекет. Обвинителката Вилма Рускоска рече дека по завршувањето на вештачењето на одземените предмети од страна Бојан Јовановски и Катица Јанева пронајдени се клучни докази за истрагата.

-За осомничените за кои утре ќе поднесам обвиненија пронајдовме многу битни докази, рече обвинителската Вилма Рускоска.

Рускоска потенцираше и дека од еден осомничен во претходната постапка имало тенденција за спогодба, но до тоа не дошло.

Обвинителката истакна дека ОЈО обезбедило докази за трагата на парите во аферата „Рекет”, а ќе има и обвиненија за перење пари.

Утре ќе се бара продолжување на мерката притвор за сите осомничени од првата притворена група за „Рекет“.

Рускоска изјави и дека е даден налог за претрес кај три физички лица кои се опфатени по проширувањето на истрагата за „Рекет“ за Меѓународниот сојуз Скопје.

За едно лице, односно за Јасна Мандиќ е побаран притвор, а за останатите лица само мерки на претпазливост.

Во „Рекет“ првоосомничен е Бојан Јовановски (Боки 13) за примање награда за противзаконско влијание и за перење пари и други приноси од казниво дело. Второосомничен, за трговија со влијание, е Зоран Милески Кичеец, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева е третосомничена за злоупотреба на службената положба и овластување.

Осомничени во новата истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција се пратеничката Фросина Ташевска Ременски, Јасна Мандиќ, заменик-претседател на Меѓународниот сојуз, и Миле Јовановски, таткото на Боки 13, како и асистентката на Мандиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 22:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега