Во Македонија лето среде зима, измерени 21 степени - следи нагла промена

Територијата на нашата држава се наоѓа во поле на висок воздушен притисок (антициклон) кој условува стабилно, суво и невообичаено топло време со високи пролетни температури на воздухот, па така денес најтопло беше во Гевгелија каде температурата се искачи дури до 21 степени, информира Славчо Поповски.

Слично ќе се задржи се до четврток, тоа значи сончево и невообичаено топло повремено со мала локална облачност, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени додека во централните и во југоисточните предели повторно не се исклучува можноста температурите да се искачат до па и малку над 20 степени.

Веќе од петок ќе започне да дува северен ветер кој ќе засилува на интензитет, ова ќе биде најава за спуштање на значително постудена воздушна маса од североистокот на Европа (Русија), истата ќе услови зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините, сепак врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет.

Сепак поради наглото заладување не се исклучува можноста за локално слабо провејување на снег и на некои од пониските места и тоа особено во петок навечер и ноќта кон сабота.

За време на викендот кој доаѓа температурите за разлика од сегашните ќе бидат пониски дури и за повеќе од 10 степени и ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 степени, наутро пак на некои места истите ќе се спуштат до околу -10 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2019 - 17:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега