Во Лондон почина 13-годишно дете кое било позитивно на коронавирус

Во Лондон почина 13-годишно дете кое било позитивно на коронавирус, соопшти болницата „Кингс колеџ хоспитал“.

Весникот „Дејли мејл“ наведува дека Исмаил Мохамед Абдулвахаб од Лонодн починал вчера во оваа болница и дека засега не е познато дали имал и други здравствени проблеми.

„За жал умре 13-годишно дете кое беше позитивно на Ковид-19 и сега сите наши мисли се со неговото семејство во овој момент, на кое му упатуваме сочувство“, се наведува во соопштението на болницата, пренесоа британските медиуми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2020 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега