Во Куманово се надминале техничките проблеми, 12 ИТ инженери дејствуваат на терен

Тековно се спроведува гласањето во Куманово, соопшти претседателката на ОИК, Бранкица Димковиќ. Право на глас во најголемата општина во државата имаат 93.986 избирачи кои гласаат на 167 места. Спроед податоците на ДИК, до 13 часот излезноста била 12, 46 проценти.

-Имаме на располагање 12 ИТ инженери кои дејствуваат на терен, иако во најголем процент техничките проблеми се надминати-изјави Димковиќ

Гласањето се спроведува тековно во општина Липково. Ситните технички проблеми на почетокот од гласањето со апаратите за отпечаток на прст, веќе се надминати и гласањето тече непречено, информираше претседателката на ОИК, Ајше Демири . Во Липково право на глас имаат 26.042 избирачи кои гласаат на 36 места. Според ДИК, излезноста во оваа општина до 13 часот е 11,65 проенти.

Во Старо Нагоричане право на глас имаат 3.262 гласачи кои правото на глас го остваруваат на 38 места.

– Тековно си оди гласањето-рече претседателот на ОИК, Марјан Даиловски. Според ДИК, излезноста во оваа рурална општина до 13 часот е 27, 66 проценти

17.10.2021 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега