Во Куманово 12 нови заболени од Ковид-19

 Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира дванаесет новозаболени лица од  Ковид-19, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа.

Од нив, седум се од Куманово, пет се од општина Липково и според надлежните, сите новозаболени веќе имале контакт со веќе потврдени случаи.

Од почетокот на епидемијата според податоците на Министерството за здравство на територијата на Центарот за јавно здравје Куманово, Ковид дијагностицирани се 880 лице од кои во моментов активни се 212 случаи. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега