Во Крива Паланка 50,78 отсто илезеност до 15 часот, во Кратово 37,69

До 15 часот во општина Крива Паланка на гласање излегле 50,78 отсто од вкупниот број граѓани со право на глас.

Според информациите од ОИК, Крива Паланка, право на глас имаат 16.986 граѓани, а до 15 часот во оваа општина гласале 8625 граѓани.

Во општина Кратово, пак, до 15 часот глaсале 37,69 отсто од вкупнито број граѓани со право на глас, или од вкупно регистрирани 7.881 граѓани од избирачкито список за оваа општина, гласале 2970 лица.

Во Општина Ранковце излезеноста до 15 часот изнесува 38,9 отсто или 1171 граѓанин од вкупно 3010 граѓани што имаат право на глас.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа