Во комби пронајдени 25 мигранти на автопатот Штип – Свети Николе

25 мигранти во комби биле пронајдени вчера на автопатот Штип – Свети Николе, во близина на селото Криводол.

-Вчера околу 18.00 часот, на автопатот ШтипСвети Николе, поточно кај с.Кривидол, полициски службеници забележале товарно возило „мерцедес вито“, со пробни регистарски ознаки, по што истото застанало на автопат, а возачот и совозачот се дале во бегство. При проверка на возилото биле пронајдени 25 мигранти и тоа 19 од Пакистан, пет од Авганистан и еден од Индија, кои биле предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ за понатамошна постапка, велат од полицијата.

 Се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2020 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега