Во Кочани почина едно лице од коронавирус - семејството од изолација бара помош да се организира погребот

Едно лице од Кочани починало од коронавирус, потврди за „Слободен печат“ градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Веста ја добил утринава од член на потесното семејство на починатиот. Семејството е во изолација и барало помош да се организира погребот, а општината е вклучена во помагање да се организира погребот.

-Последен пат се слушнав со него во четвртокот, ми кажа дека има болки и дека ќе го приклучат на апарати. Беше на Инфективното одделение во Скопје, изјавил Илијев за Слободен печат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2020 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега