Во Кина регистрирани 36 нови заболени со коронавирусот, 7 починати- се заканува ли нов бран на еппидемија

Во Кина забележани 36 нови заболени со коронавирусот, соопштуваат денеска од Националната здраствена комисија.

Комисијата навела дека од нив 35 дошле од странство, а 7 починале од коронавирусот во последните 24 часа.

Нема наведено дали некој од новите случаеви се асимтоматични, но вчера соопштија дека вкупно 1.541 се асимптоматски случаеви кои се моментално во изолација и нивните симптоми се следат, од кои 205 дошле од странство.

Овој потег да се пријави бројот на асимптоматски случаи следеше на прашањата покренати за кинески заразени податоци, во кои претходно беа вклучени само луѓе кои покажуваат симптоми на болеста.

Додека односот помеѓу луѓето кои се заразени со вирусот, но нема симптоми досега не е позната, научниците велат дека ваквите „носители“ сепак можат да ги пренесат КОВИД-19 на други кои се разболуваат.

Епидемијата во Кина во поголем дел е смирена, но некои се прашуваат дали земјата не сметајќи ги асимптоматските случаи, ќе доведе до нова појава на инфекција.

Во Кина, каде што вирусот за прв пат се појави во декември, вкупно 81.554 лица биле заразени со КОВИД-19, а 3.312 починале.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2020 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега