Во Канада конфискувана синтетичка дрога 40 пати посилна од хероинот

 

Во Канада првпат е конфискувана синтетичка дрога, 40 пати посилна од хероинот, соопшти денеска полицијата во Монтреал.

Наркотикот продаван како таблети, го содржи опасниот опијат десметил фентанил. Канадската полиција конфискувала три колограми од ситетичката дрога.

Во седум рации извршени на 25 април запленети се над 300.000 таблети различни синтетички наркотици, како и 1,5 тони хемиски супстанци за производство на дрога.

Полицијата открила лабораторија за производство на таблети, конфискувала канабис, екстази и хашиш, а уапсени се две лица.

Дел од наркотиците биле испраќани во САД.

Полицијата запленила десметил, фентанил, етилкатион и пентадрон, хемиски супстанци кои можат да бидат до 40 пати посилни од хероинот.

На четворица полицајци им се слошило, а еден од нив е одведен во болница со трахикардија и висок крвен притисок и покрај тоа што носел маска за време на рацијата.

најчитано сега