Во камион- ладилник во Белгија пронајдени 23 мигранти, меѓу кои и жени

Полицијата во белгиското пристаниште во Бриж пронајде 23 мигранти во камион ладилник, меѓу кои и три жени.

Се верува дека мигрантите се од Еритреја и Судан и се упатиле кон Велика Британија.

Температурата во камионот, наводно, не била повисока од два Целзиусови степени.

На мигрантите им било студено кога излегле од камионот, но сите се во стабилна состојба, објавија локалните медиуми.

Откако кон средината на октомври минатата година во британската провинција Есекс во камион ладилник беа пронајдени тела на 39 починати мигранти, кои исто така поминале низ белгиско пристаниште, пристанишните власти воведоа построги проверки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 08:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега