Во изолација две вработени и 13 деца од неготинска градинка - нови осум заразени со коронавирус во Тиквешко

 Две вработени и 13 деца од неготинска градинка се во изолација, откако дете добило позитивен резултат на Ковид тест. Извршена е дезинфекција во градинката. Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

– Во Тиквешко има осум нови случаи позитивни на коронавирус. Три во Кавадарци, четири во Неготино, еден во Демир Капија. Сите се на возраст од три до 81 година. Едно лице од Кавадарци е хоспитализирано на клиника во Скопје, појасни Јовановски.

Тој додаде дека се работи на утврдување на контактите на новозаболените, со цел да се изолираат. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2020 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа