Во изминатите 24 часа, потврдени 81 случај на инфекција со коронавирус во Хрватска

Во изминатите 24 часа официјално се потврдени 81 случај на инфекција со коронавирус во Хрватска, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Во моментот има 1.032 активни случаја, а девет лица се на респиратор.

Во изминатите 24 часа биле тестирани 1.136 лица.

Од 25 февруари, кога беше забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се регистрирани вкупно 4.715 лица заразени со новиот коронавирус.

Како резултат на инфекција од коронавирус починале шест лица.

Досега се тестирани вкупно 109.358 лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2020 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега