Во изминатите 24 часа починаа уште 32 пациенти од Ковид 19 во земјава - најмногу од Скопје

Министерството за здравство вчера информираше дека во последните 24 часа регистиррани се 820 новозаразени лица со Ковид 19 во Македонија, 895 се оздравени, а уште 32 пациенти починале.

Еиднаесет од починатите пациенти се од Скопје и тоа на возраст од 73, 68, 72, 83, 77, 78, 62, 63, 88, 55, 56 години, четири од Куманово на 89, 95, 63, 57 години, тројца од Прилеп на 65, 59, 79 години, еден пациент од Тетово на 83 години, еден од Велес на 67 години, тројца од Битола на 77, 53, 62 години, еден од Охрид на 75 години, тројца пациенти од Гостивар на 59, 76, 66 години, еден од Гевгелија мна 74 години, тројца од Струмица на 57, 68, 76 години и еден пациент од Ресен на 61 година. Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 61543, бројката на оздравени пациенти е 38400 на починати е 1731, а бројот на активни случаи изнесува 21412. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.11.2020 - 08:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега