Во Италија од коронавирус починаа 103 лекари и 28 медицински сестри - спасуваат животи, а ги ризикуваат своите

Вкупните бројки за епидемијата коронавирус во Италија од почетокот на заразата до денес говорат дека 96.877 лица се позитивни на коронавирус, 18.279 се починати, 28.470 лица се излекуваним се заедно 143.626 случаи од почетокот на коронавирусот.

Во последните 24 часа упте 610 лица починале, што е мал пораст во однос на претходниот ден кога починаа 542 лица. Овие податоци сведочат дека и константниот пад на заразата уште не започнал.

„И понатаму е висока бројката на смртни случаи, а во десет грегиони, главно на југото таа бројка е помала од десет“, рекол претседателот на Високиот институт за здравство, Франко Лаокатели.

Во меѓувреме, бројот на починати лекари се зголемува секој ден. Во последните 24 часа вкупниот број на жртви меѓу лекарите се зголемил на 103, а на маедицински сестри на 28.

„Сто мртви колеги. Тоа е рана на кожата на сите лекари. Никогаш не мислевме дека ќе отидеме толку далеку. Овие броеви мора да не натераат да размислиме за тоа кој и како нас треба да не заштити. Семејните лекари најлошо поминаа. Останаа сами да се борат против вирусот со голи раце. Ако, ако докторите се разболеле, тоа се случило  затоа што се заразиле при посета на пациентите“ предупредил претседарелот на Националната Федерација на лекари и стоматолози, Филип Анели.

Според него овој вирус го фатил системот неподготвен и покажал дека е неопходно да се обезбеди подобра заштита на лекарите на работа, а тоа е обврска на државата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега