Во Италија минатата година имало најмногу починати по Втората светска војна

Италија регистрирала повеќе смртни случаи во 2020 година отколку која било друга година по Втората светска војна.

Овие податоци покажуваат дека ковид-19 предизвикал илјадници смртни случаи повеќе отколку што официјално се сметало.

Според податоците на Заводот за статистика ИСТАТ, вкупниот број на смртни случаи во Италија минатата година изнесувал 746.146, што е зголемување за 100.525, или 15,6 проценти во споредба со просекот во периодот 2015-2019 година, објави Ројтерс.

Ако се гледа периодот од кога на 21 февруари се појави епидемијата на ковид-19 во Италија, „вишокот смртни случаи“ се уште повеќе - 108.178, што е зголемување за 21% во однос на истиот период од последните пет години .

Istituto Superiore di Sanita, врвниот италијански здравствен институт, минатата година официјално припишал 75.891 смртни случаи на коронавирусот, околу 70% од вкупната бројка на вишок смртни случаи.

Италија продолжи да регистрира стотици смртни случаи од ковид-19 дневно и оваа година. Вчера ажуриран број изнесувал 98.974.

Официјално, ковид-19 учествувал во 10% од смртните случаи во Италија минатата година од 21 февруари, со изразени регионални варијации.

Тоа е причина за 14,5% од сите смртни случаи во северните региони каде што епидемијата е регистрирана за прв пат. Во централните области вирусот е одговорен за 7% од сите смртни случаи, а во јужните 5%.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2021 - 23:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега