Во Истанбул убиен навивач на Фенербахче

Навивач на фудбалскиот клуб Фенербахче синоќа е убиен во Истанбул, веднаш по натпреварот со Галатасарај. 

Како што јави турската новинска агенција Анадолија, 19-годишниот навивач на Фенербахче бил избоден од страна на навивачите на Галатасарај.

Повредениот по инцидентот брзо бил префрлен во болница, каде им подлегнал на тешките повреди. 

Фенербахче синоќа го победи Галатасарај со 2:1.

најчитано сега