Во Хрватска вакцинирани околу 46.000 граѓани - кај 80 луѓе забележани благи симптоми

Во Хрватска до овој викенд се вакцинирале околу 46.000 граѓани, а кај 80 од нив се забележани главно благи нус појави, изјавила Алемка Маркотиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести, „Д-р Фран Михалјевиќ“.

Таа потврдила појава на тешка алергиска реакција кај едно лице и навела дека лекарите подготвено ја дочекале таа ситуација, пренесува порталот Индекс.хр

Докторката Маркотиќ во Денвникот на ХТВ изјави дека после втората доза вакцинација се очекуваат некои нус појави, на пример температура и болки во рацете, но дека не се регистрирани опасни реакции на за време на клиничкисте студии, ни за време на вакцинирањето во земјите во кои вакцината ја примија голем број луѓе.

„Епидемиолошката слика е се подобра, но при попуштање на мерките треба да се биде внимателен затоа што се шири нов вид вирус“, порачала Алемка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 21:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега