Во Хаг почна прво судење во Специјалниот суд за Косово, му се суди на командант Кали (ВИДЕО)

Специјалниот суд за Косово во Хаг, кој што ги истражува судирите од 1998 до 1999 година за време на борбата за независност на поранешната српска покраина, денеска почна со рабнота.

Судот за Косово се отвора со судењето за воени злосторства на Салих Мустафа, поранешен командант на Ослободителната војска на Косово ( ОВК).

Судот е формиран во 2015 година за да ги расветли злосторствата извршени за време на војната во Косово, за кои е обвинета Ослободителната војска на Косово, војна што доведе до независност на Косово од Србија десет години подоцна. Судот потпаѓа под судството на Косово, но се состои од меѓународни судии и обвинители.

Мустафа, 49-годишен командант на ОВК, е обвинет за убиство, тортура, сурово постапување и произволно лишување од слобода за време на војната со Србија.

Мустафа е уапсен минатата година додека работел како советник во Министерството за одбрана на Косово, наводно малтретирал затвореници во притворскиот комплекс Злаш, село источно од Приштина, во април 1999 година. Главниот судија официјално го започна судењето и потоа ќе му го прочита обвинението на Мустафа, соопшти судот.

"Обвинетиот ќе биде прашан дали го разбрал обвинението и дали сака да ја потврди неговата претходна изјава. Во овој случај, обвинетиот се изјасни за невин", се додава во соопштението.

Обвинителите ќе имаат три часа да одржат воведен говор, по што адвокатите на жртвите ќе имаат 90 минути да зборуваат. На судењето во септември и октомври ќе бидат испитани 16 сведоци.

15.09.2021 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега