Во Грција потврден случај на јужноафриканскиот вид коронавирус

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас и претседателот на Националната организација за јавно здравје итно заминаа за Солун по откриен случај на јужноафриканската мутација на Ковид-19.

Од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција соопштуваат дека по состанокот одржан денеска со епидемиолозите, било одлучено Хардаљас и Аркуманес да заминат за Солун за да ја оценат ситуацијата.

Станува збор за прв потврден случај во Грција на јужноафриканскиот вид на Ковид-19, додека пак во земјата има 66 случаи на британската мутација, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција објавени во текот на минатата седмица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.01.2021 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега