Во градот Арика не паднал дожд 14 години: Сепак, највисоката температура е измерена на сосема друго место

Светската метеоролошка организација направила листа на екстремни временски прилики на која се наоѓаат места каде биле забележани најниски и највисоки температури, каде паднало најмногу дожд, како и места каде што бил забележан најсилен град.

Најниска температура 

Најголем минус е забележан во Восток, на Антарктикот, каде биле измерени 89,2 степени Целзиусови на 21-ви јули 1983-та година.

Највисока температура

"Долината на смртта" во Калифорнија влегла во историјата кога летото 1913-та година биле измерени неверојатни 56,7 степени Целзиусови.

Најголема количина на дожд во минута

Во американската држава Мериленд, во градот Јунионвил, бил забележан рекорд на 4-ти јули 1956-та, кога за една минута паднале 31,2 милиметри дожд.

Најдолг сушен период

Најдолгиот период без дожд бил измерен во Чиле, во градот Арика, каде капка дожд не паднала цели 14 години, од октомври 1903-та јануари до 1918-та година.

 

Најстуден автопат

Руската "Колима" е најстуден автопат на светот, каде температурите понекогаш паѓаат и на минус 67,7 степени. За работата да биде пострашна, еден дел од овој пат се вика "Пат на коските" во знак на сеќавање на затворениците кои загинале додека го граделе.

Најголема ледена пустина

Најголемата ледена пустина која не се наоѓа на поларниот дел е на територија на Канада. Се наоѓа во националниот парк Клуана, и се простира на подрачје од 21.980 километри квадратни.

Населено место со најниска температура

Сибирското место Омјакон е најстудено место каде живеат луѓе. Таму температурите паѓаат до минус 68 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2019 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега