Во Германија некои мерки олабавени, започна масовно тестирање против Ковид-19

Денеска во Германија се олабавени некои мерки воведени како резултат на пандемијата на коронавирусот а истовремено започна и масовното тестирање на граѓаните.

Од денес, низ цела Германија цвеќарниците, книжарниците и продавниците за градинарство имаат право да ги отворат вратите.

Исто така од денеска, дозволено е да се состанат најмногу пет лица од друго домаќинство. Досега состаноците беа ограничени на една личност.

Отворањето во други области како културниот, спортскиот и угостителскиот сектор зависат од развојот на епидемиолошката состојба, т.е. развој на инциденцата и нејзината стабилност, соопштувааат германските медиуми.

Засега, постојните мерки за затворање остануваат во сила до крајот на месецот, а за новите мерки ќе се дискутира на ниво на покраинските влади на состанокот на 22 март.

Минатата недела беше одлучено, покрај вакцинациите, масовното тестирање да служи и како еден од најважните механизми во борбата против пандемијата.

Предвидено е од понеделник, на секој граѓанин неделно на располагање да му биде еден бесплатен тест за коронавирус.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2021 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега