Во гаража претепан Илија Тозија, ексдиректор во фирмите поврзани со Мијалков

Триесетиедногодишниот Илија Тозија, поранешен управител во фирмите поврзани со ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, утринава во околу 02:30 часот во МВР пријавил дека бил нападнат од три лица во неговата гаража. Напаѓачите носеле маски и со тврди предмети го удирале Тозија по телото, објави А1он.

„На 22.11.2019 во 02.30 часот во СВР Скопје, И.Т.(31) од Скопје пријавил дека околу 00.00 часот во гаража од зграда на ул.„50-та дивизија“, со употреба на тврд предмет, бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Тозија е поранешен управител на фирмите кои се во релација со некогашниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков.

Тој е во блиски односи и со синот на Мијалков, Јордан, но и со Александар Јовановски-Жути. Неговата фирма беше дел од аферата со тендерот за реагенси „тежок“ 35 милиони евра.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2019 - 17:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега