Во Франција се затворени 3.299 паралелки поради Ковад-19

Две недели по почетокот на учебната година, Министерството за образование на Франција ја обнови својата практика на неделно ажурирање на здравствената состојба во училиштата. Според објавените податоци, на 17 септември: 3.299 паралелки од 527.200 во земјата – или 0,63 отсто – во моментов се затворени поради „Ковид -19“, јави дописникот на МИА.

За потсетување, според нивото 2 од здравствениот протокол што моментално важи во метрополитенска Франција, паралелките со ученици од прв степен мора да се затворат во првиот докажан случај на коронавирус. Министерството, исто така, прецизира дека одлуката за затворање на цела паралелка со ученици од втор степен зависи од „мислењето на здравствените власти“. Вообичаеното правило за втор степен е во теорија да се изолира позитивниот ученик, како и учениците кои се сметаат за контактни случаи и не се вакцинирани, додека остатокот од класот продолжува да оди на час нормално.

Инаку , 16 училишни структури – 15 училишта и еден колеџ – мораа да ги затворат вратите, прецизира министерството. Овие претпријатија се наоѓаат во академиите во Бордо, Клермон-Феран, Париз, Версај, Нант, Орлеан-Тур, Поатје, Безансон, Лион, Гренобл, Монпелје, Мартиник и Гвајана. Покрај тоа, во текот на изминатите седум дена, 9,478 ученици (од 12 223 000) и 439 вработени (од 1 201. 500) биле тестирани позитивни за коронавирус.

Од почетокот на учебната година на 2 септември, 1314 училишта им понудија на нивните ученици на возраст над дванаесет години „курс за вакцинација.

17.09.2021 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега